Categories: Македонија

5 нови случаи со заболени од Корона вирус, бројката се зголемува

Министерот за здравство, Венко Филипче, на вчерашната прес конференција потврди дека пет нови пациенти заболени со коронавирус во државата и двајца кои биле позитивни на вирусот тестирани во приватна лабораторија на Жан Митрев, а на кои повторно ќе се им се направи проверка на Институтот за јавно здравје. Во болницата во Дебар веќе се лекуваат четворица со коронавирус. Со тоа бројот на заболени се зголеми на 24 и уште двајцата кои треба да се потврдат во државна лабораторија.

На последната седница на Владата бешее донесена одлука да се затворат сите гранични премини освен за товарни возила, претставници на дипломатскиот кор и други лица со посебна дозвола. Се затвора и Аеродромот во Скопје, освен за државни, воено-медицински и празни летови по истекот на 48 часа од влегувањето на сила на оваа одлука.

„Сите заболени пациенти се со лесна до средна клиничка слика, а некои само на маска за кислород за да се олесни дишењето на пациентот, освен на една повозрасна пацинтка од Дебар, која е приклучена на респираторна машина. Заболените во Дебар се со лесна клиничка слика, таму лекарите се грижат за нив и не известуваат“, рече Филипче.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago