Categories: Македонија

Мицкоски: По одоложувањето на изборите да се формира експертски тим

Нашиот став после лидерската средба е дека е потребно откако со консензус се донесе став да се одложат изборите, да се формира експертски тим којшто ќе донесе правна основа односно правен фундамент за одлука којашто понатаму ќе значи и ќе подразбира одложување на предвремените парламентарните избори.

Тоа е првиот заклучок. Вториот заклучок е она коешто ВМРО-ДПМНЕ го побара, а е различно од тоашто го изнесоа лидери на политички партии, дилемата дали да имаме кризна состојба на целата територија или да имаме прогласување на вонредна состојба. Она коешто е важно да се напомене е следново дека Уставот предвидува вонредна состојба, а не предвидува кризна состојба. Но она коешто е исто така значајно е што вонредна состојба практично не е регулирана со Закон, односно не е регулирана методологијата и одговорноста што би значело прогласување на вонредна состојба и кои би биле чекорите. Додека пак постои Закон за справување со кризи и тој во минатото беше аплициран односно кога беа се сеќавате оние поплави во Скопје и ширум Македонија тогаш се повикувавме на тој Закон. И се формираше кризен штаб и се дејствуваше визави она коешто е дефинирано со законот за кризи. Така што можеби треба експертите коишто подоцна во денот ќе разговараат најпрвин 30-тина дена да се прогласи веднаш состојба на криза на целата територија на државата, дури потоа да се примени кон вториот чекор, а тоа е прогласување на вонредна состојба, рече Мицкоски.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago