Во врска со потребата од преземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на Covid – 19 (Коронавирус), управниот Одбор на Фондот, ги донесе следните мерки и препораки за здравствените установи кои имаат склучено договор со Фондот:
- Продолжување на боледување по сите основи, избраниот лекар ќе може да врши врз основа на телефонско јавување на осигуреното лице.
- Одговорното лице од Фондот документите пристигнати електронски од избраниот лекар ги проследува на е-маил до Лекарската комисија на Фондот.
- Избраниот лекар преку порталот на Фондот може да поднесе барање за исплата на надоместок на плата на товар на средствата на Фондот за осигурениците кои се уште немаат поднесено такво барање.
- Избраниот лекар може да издаде рецепт за хронична терапија и во случај кога препораката од специјалистот/отпусно писмо е постара од една година
- Рецепти за хроничната терапија избраниот лекар да издава за 6 месеци
- Рецепти за акутна терапија избраниот лекар може да препишува за лекови во количина доволна до 14 дена, по мислење на лекарот
Од Фондот за здравствено осигурување посочија дека ваквите привремени мерки ќе бидат во сила се додека траат мерките што ги донесе Владата за спречување на ширење и сузбивање на корона вирусот, а во интерес на заштита на здравјето на граѓаните.
За Контакт лица од Лекарски Комисии и Видео туторијал за поднесување на Е Барање кликнете ТУКА