Categories: Македонија

Крај за обврската за задолжителна зимска опрема во автомобилите

Денеска, 15ти Март завршува обврската предвидена со закон за зимска опрема во автомобилите која стапи на сила 15ти Ноември минатата година.

Од Авто Мото Сојузот на Македонија известуваат дека сите патни правци низ републиката се одвива без прекини, но по влажни коловози. Се препорачува брзината на движење да биде приспособена по условите на патот, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Во автомобилот веќе не е потребно да имате ланци, а нема потреба ниту од зимски гуми доколку температурата е над 7 степени. Можете да ги наместите летните гуми на вашиот автомобил доколу условите на патиштата по кои се движите ви го дозволуваат тоа. Сеуште се препорачува користењето на зимски гуми доколку температурите се под 7 степени.

Неколку правила кои треба да ги знаете при складирањето на вашите гуми:

1. Исчистете ги убаво гумите само со четка и вода, без користење на никакви дополнителни хемии. Тоа може да доведе до поголемо оштетување на гумата при стоење.

2. Запишете си ги позициите на гумите, со тоа полесно препознавате каде е користена гумата и може да се направи ротација. Така се заштитува од нерамномерно истрошување и допринесува подолг веќ на траење на самата гума.

3. Заштитете ги гумите во црни кеси. Користете помагала да го извадите воздуход од кесите. Ако гумите се со бандаж препорачливо е да бидат складирани во хоризонтална положба, доколку се без бандаж, во вертикална. Се препорачува да бидат сместени на темно и суво место, без драстични промени во температурата како во вашиот подрум.


Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago