МТСП: Листа
на дијагнози на хронични состојби за кои важи ослободување од работа како
превенција од ширење на COVID-19
Министерството за труд и социјална политика (МТСП)
информира дека согласно дополнителните мерки на Владата за превенција од ширење
на болеста COVID-19, следните категории на лица треба да бидат ослободени од
работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за
следниве состојби:
- Хронични респираторни заболувања;
- Тешки кардиоваскуларни заболувања;
- Дијабет – ТИП1;
- Малигни заболувања;
- Имуно-компромитирачки состојби.
Листата
на дијагнози на хронични состојби ги опфаќа:
Хронични респираторни заболувања:
- ХОББ
– Хронична опструктивна белодробна болест – J44
- Астма
– J45
- Интестицијална
фиброза – Ј84
Тешки кардиоваскуларни заболувања:
- Срцева
слабост со EF<40
- Акутен
миокарден инфаркт до 3 месеци
- Срцеви
заболувања со тешка пулмонална хипертензија
- Тешка
аортна и митрална стеноза
- Воспалителни
заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци
- Инплантиран
пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци
- Длабока
венска тромбоза до 3 месеци
Дијабетес мелитус:
- Диајабетес
тип I
- Диајабетес
тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт,
церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ
Сите малигни заболувања – C00-C97
Имунокомпромитирачки состојби:
- Состојба
по трансплантација на бубрег – Z94.0
- Хроничен
нефротичен синдром – N04.9
- Интермитентна
хемодијализа – Z99.2
- Состојби
со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06, M45.00
- Некротизирачки
васкулопатии, системски еритематозен
лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31-M34