Избори ќе има на 12 април, кампањата без собири и митинзи

Нема одложување, за тоа не станало збор, но поради коронавирусот и мерките и препораките, политичките партии ќе водат кампања без митинзи.

-На лидерската постигнавме заеднички став дека најважно е здравјето на граѓаните, изборната кампања ќе се прилагоди според препораките на институциите,  рече Спасовски по завршувањето на средбата.

На лидерска средба кај премиерот Оливер Спасовски, претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијанса за Албанците Зијадин Села и на движењето БЕСА Биљаљ Касами, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование и наука Арбер Адеми,  имаа заеднички став дека е најважно здравјето на граѓаните и дека ќе ги почитуваат препораките.

„Нема поважна работа од здравјето на граѓаните. И во таа насока побарав согласност која беше прифатена дека е неопходно сите да покажат одговорност и да се однесуваат одговорно“, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски, по координативната средба со лидерите на политичките партии за состојбата со коронавирусот.

 Многу е важно, рече Спасовски, сите политички партии да покажат одговорност пред здравјето на граѓаните, да ги следат препораките на институциите и нивните активности и кампањата за изборите да ја приспособат врз основа на она што е препорачано во мерките од страна на институциите.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев истакна дека ќе ги почитуваат препораките и мерките на Владата за справување со коронавирусот и своите предизборни активности ќе ги водат преку медиумите, социјалните мрежи и преку лајфстриминг.

Мицкоски посочи дека не се разгледала темата за одложување на изборите и дека  извесно е дека изборната кампања ќе се адапира на актуелните услови поради коронавирусот и ќе се води на алтернативни начини, преку социјални мрежи и мас медиумите и дека нема да има партиски митинзи додека трае забраната за јавни собири.

Ахмети наведе дека и ДУИ ќе ги почитува препораките и нема да организира големи митинзи за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.

И Зијадин Села потврди дека Алијансата за Албанците ќе ги следи препораките и упати порака дека нема потреба од паника.

Дека ќе ги почитуваат сите мерки и препораки на Владата за справување со коронавирусот потврди  и Касами.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago