Categories: Радовиш

Видео Анкета: Дали Радовишани се исплашени од корона вирусот

Девет лица е последната официјална бројка за заразени со корона вирусот во земјава. Според  направената анкета Радовишани ги почитуваат мерките и препораките за превенција и заштита од корона вирус, некои се плашат  да не се разболат а некои не.

Според препораките на Владата од вчера се затворени градинките и училиштата, а од денеска се најавени нови ригорозни мерки. Болниците ќе примаат само итни случаи, а сите хронични пациенти и тие што се закажани се откажуваат. Се забрануваат сите јавни и приватни собири без разлика на бројот. Кафе баровите ќе работат со скратено време до 18 часот, со преполовен капацитет за да има растојание меѓу луѓето, а мерката се однесува и на спортските сали, казина и кладилници. Се откажуват и сите кино и театарски претстави.

Кон  препораките на владата за заштита од корона вирус се приклучија и Општина Радовиш и ЈП Плаваја со известување во кое се објавени телефонски броеви  за контакт со пооделени  административни служби.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago