Во Радовиш, одржана работилница во рамките на проектот “Подобрување на перцепцијата за ЕУ кај руралните граѓани”, во организација на Мрежата за рурален развој и ЛАГ Плачковица.
Работилницаата започна со претставување на состојбата на LEADER пристапот,
презентирање на постоечката стратегија на ЛАГот, како и претставување на
пристапот и методологијата за ажурирање на ЛАГ стратегијата.
Истата се одржа во рамките на проектот “Подобрување на перцепцијата за ЕУ кај руралните граѓани”, поддржан од УСАИД – Американска агенција за меѓународен развој.
-Во рамките на проектот, Мрежата за рурален развој предвиде реализација на активности поврзани со промоција на EU LEADER пристапот во општини од источниот и југоисточниот плански регион, односно териториите кои ги опфаќаат ЛАГ Малеш-Пијанец, ЛАГ Плачковица, ЛАГ Беласица Огражден и ЛАГ Бојмија. Активностите се однесуваат на ажурирање на Локалните стратегии за развој, кои се подготвени од ЛАГовите во 2015/2016 год, рече Столе Георгиев, овластено лица на ЛАГ Плачковица.
Со афирмацијата на EU LEADER
пристапот во руралните средини, Мрежата за рурален развој тежнее
кон развој на капацитетите на сите засегнати страни во руралните средини, со
што ќе се подобри нивното знаење и способности за партиципативно планирање
во процесите на носење одлуки од важност за заедницата. Работилницата се одржа во ресторан Маг- Марг во Радовиш
а учество зедоа околу 20 ученици.