Categories: Македонија

Дополнителни мерки, активности и препораки за превенција од ширење на корона вирусот

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно дополнителните мерки, активности и препораки на Владата за превенција од ширење на болеста КОВИД-19, врз основа на приложена потврда од матичен лекар, треба да бидат ослободени од работа и работни активности и следните лица:

-Хронични респираторни заболувања

-Тешки  кардиоваскуларни заболувања

-Дијабет ТИП 1

-Малигни заболувања и

-Имуно-компромитирачки состојби.

Претходно владата донесе одлука за вработените лица во институции и фирми кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение за кого е неопходна домашна грижа, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности и отсуството за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавачот.Овој заклучок се однесува и на самохраните родители.

За регулирање на отсуството, надлежните организациони единици за човечки ресурси во институции/фирми да побараат од овие лица да достават доказ/потврда за основот на користење на ова оправдано отсуство (потврда издадена од детската градинка или уплатница за платен надомест за престој во детска градинка, копија од патна исправа за возраста на детето или копија од извод од матична книга на родени, потврда за редовен ученик од образовните институции или копија од сведителство).

Дополнително, до надлежните организациони единици за човечки ресурси во институции /фирми да достават своја лична писмена изјава под морална, материјална и кривична одговорност дека во секое време ќе бидат достапни на работодавачот за вршење на службени работни задачи и обврски од својот дом, преку комуникација со електронска пошта или пак, во текот на денот во итни ситуации да бидат и физички на своето работно место, во период од два до три часа. Образецот за Изјава е во прилог на заклучоците.

Родителите на децата кои не посетуваат детска градинка или не се вклучени во институционално воспитно-образовни процеси не се ослободени од работа и извршување на работни активности.

Вработените лица во Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за одбрана, Армијата, противпожарните територијални единици, Царинската управа, како и домовите за нега на стари лица и мали групни домови, се изземаат од сите заклучоци, мерки и препораки на Владата.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago