Categories: Македонија

За корона вирус се тестираат 12 пациенти, мерките на Владата важат за сите

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби има седум пациенти. Сите се со стабилна, лесна клиничка слика и никој нема потреба од механичка вентилација. Контролниот тест на пациентката што иницијално беше прва пациентка кај нас е негативен и таа во следните денови ќе биде пуштена на домашно лекување. Во моментов се тестираат 12 пациенти. Двајца на Инфективната клиника се дојдени со знаци на грип и двајцата патувале во Италија и дошле здрави пред 5-6 дена. Во текот на утрово развиле симптоми и се земени материјали за испитување. Осум лица од Дебар кои што се соседи на тројцата заболени пациенти се хоспитализирани претходно и имале интензивни контакти со тие пациенти од Дебар. Се тестираат уште двајца пациенти, еден од Инфективното одделение во Штип, тоа е пациент со знаци за грип од Кочани, што исто така патувал во Италија, како и еден пациент преку Центарот за јавно здравје во Прилеп. Кога резултати ќе бидат готови ќе ја информираме јавноста“, потенцираше министерот Филипче.

„Отсуството кон работодавецот, работникот го регулира со потврда издадена од градинка односно училиште, на име на родителот, со назнака за времето за кое таа важи со цел да се оправда отсуството“, објасни министерот Филипче.

Министерот објасни дека вработените во здравството, армијата, полицијата, и во противпожарните единици не можат да отсуствуваат од работа, освен ако двајцата родители не се во дејностите, и тогаш дозволено е отсуство на едниот родител.

„Значи доколку двајцата родители работат во рамки на ист сектор ќе треба едниот да биде ослободен од работа и самохраните родители исто така, треба да се ослободени од работа. “, истакна министерот Филипче.

Филипче повторно упати апел да се црпат информации од официјалните прес-конференции преку кои граѓаните се секојдневно информирани за состојбата со корона вирусот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago