Владата на на денешната 15-та редовна седница ги прифатила препораките на Комисијата за заразни болести, како засилени мерки поради корона вирусот и ги донесе следните заклучоци:
Да се прекине со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високо – образовни установи и во јавните научни институти на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена. Се прекинуваат и сите воншколски или дополнителни програми како што се курсеви за странски јазици и слично.
За спроведување на оваа мерка еден од родителите на децата до 10 години, што ќе бидат ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, ќе бидат ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски.
Да се забранат масовни собири и настани на отворен и затворен простор, како и сите културни настани и манифестации со над 1000 учесници, во наредните 14 дена. Владата препорачува неодржување на јавни настани на кои се очекува присуство до 1000 учесници.
Да се забрани присуство на гледачи (публика) на сите спортски настаниво државата, во наредните 30 дена.
Да се воведе задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави, во период од 14 дена (согласно листата на Светската здравствена организација).
Да се препорача на возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз.
Да се препорача избегнување на патување во земји кои се од висок и среден ризик, согласно листата од Светската здравствена организација и други мерки и препораки.