Categories: Валандово

Патеката до Св. Ѓорѓија во Валандово добива нов лик

Патеката од Валандово до манастирот Св. Ѓорѓија која се градеше со средства од Бирото за регионален рамномерен развој што ги обезбеди Центарот за развој на Југоисточниот плански регион е речиси готова.

Станува збор за патека долга околу 2,5 километри која е проширена, осветлена, со многу урбана опрема и информативни табли што се може да видат посетителите,  со што ова култно место на валандовчани доби сосема нов лик за одмор и рекреација.

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов извршија увид во градежните работи на проектите “Валандовска патека од природа до култура” и “Евалуација на мерки за енергетска ефикасност” кои се во завршна фаза на имплементација.

Со реализацијата на овие проекти, општина Валандово добива нова туристички уредена зона со елементи за рекреација и спортување на граѓаните од сите возрасти и целосно реконструирана детска градинка по највисоки стандарди, во енергетски ефикасен објект. Овие два проекти се поддржани од Министерството за локална самоуправа, општина Валандово, Бирото за регионален развој и фондовите за прекугранична соработка при ЕУ.

Media Press

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago