Општина Радовиш добива 901 000 евра за реконструкција и изградба на улици локални патишта

Со 70 милиони евра кредит од Светска банка ќе се реконструираат улици во сите 80 општини и Град Скопје. За проектот насловен како „Македонија без кал“ во Владата беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за транспорт и врски и Општините.

Предвидено е да се санираат локални патишта и улици во должина од 450 километри. Општините со готови проекти ќе треба да аплицираа во Министерството за транспорт и врски кое потоа ќе го распише тендерот за избор на изведувач на градежните работи.

Висината на средствата е различна за секоја општина, а се утврдува според бројот на население и на населени места, површината и регистрираните моторни возила. На располагање за општините се од 500 илјади до два милиона евра.

Градоначалникот Герасим Конзулов го потпиша Mеморандумот за соработка со Министерството за транспорт и врски. Општина Радовиш добива 901 000 евра за реконструкција и изградба на улици и локални патишта.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago