Вработени во управата и правосудните органи од Југоисточниот регион присуствуваа за препознавање и пријавување на корупција

На ден 27.02.2020 година во Струмица, 50-тина членови на Синдикатот на УПОЗ од Управата за јавни приходи, Државниот завод за статистика, Основен суд Радовиш, Основен суд Струмица, Општина Гевгелија и Општина Богданци, беа дел од работилницата на тема „Подигни ја својата свест, пријави корупција, биди одговорен”.

Ова е третата по ред работилница, која се организира од страна на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), а со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД и беше наменета за работниците во јавниот сектор од Југоисточниот регион.  

Вработените во администрацијата секојдневно се соочуваат со предизвиците на корупција и се во клучна позиција да ги идентификуваат, но и да помогнат во спречувањето на овие предизвици. Токму затоа, на работилницата во Струмица, тие се запознаваа со корисни информации на тема корупцијата но и со можните судири на интереси, како и со заштитните законски механизми и начините за препознавање и пријавување на корупцијата, кои се достапни и им стојат на располагање.

„Особено сме среќни и задоволни што феноменот корупција, од вработените во јавниот сектор почна да се препознава како негативна појава која го поткопува развојот на државата. Па така, на овие работилници имаме голем одѕив и присуство на вработени кои доаѓаат од јавни институции како што се судовите, локалните самоуправи, министерствата и агенциите. Веруваме дека само со заеднички напори можеме да ги намалиме негативните ефектите на корупцијата, надевајќи се дека еден ден целосно ќе ја искорениме“, изјави Трпе Деаноски, генерален секретар на Синдикатот на УПОЗ.

Покрај работилницата во Струмица, проектот „Подигни ја својата свест, пријави корупција, биди одговорен”, вклучува уште седум други работилници низ државата, наменети за вработените во јавниот сектор и една завршна конференција во Скопје. Проектот се имплементира со цел информирање на членовите на Синдикатот на УПОЗ на теми поврзани со спречувањето на корупцијата, а во исто време, и подигнување на свеста за последиците кои произлегуваат од корупцијата.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago