Categories: Радовиш

Одржана трибина за мајчиниот јазик, во Библиотаката во Радовиш

По повод Меѓународниот ден  на мајчиниот јазик денеска во Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во Радовиш беше одржана Трибина за мајчиниот јазик. Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

На трибината во присуство на повеќе гости, ученици, наставници и останати граѓани, се претставија еминентни професори и писатели со свои стручни трудови.

д – р Снежана Веновска – Антевска, зборуваше на тема: Употребата на нормата на македонскиот јазик во секојдневната комуникација и во образовниот процес;
проф. д – р Веселинка Лаброска, за учењето на мајчиниот македонски јазик и влијанието на електронските уреди;
проф. Раско Лозаноски, зборуваше на тема: Училиштето – ковачница на мајчиниот македонски литературен јазик

Во програмата со свое поетско претставување  учествуваа и  ученици од ООУ „Крсте Петков Мисирков и ООУ Никола Карев а свој музички настап  имаше ученичката Мартина Газепова.

Во светот денес се зборуваат околу шест илјади јазици, а на половина им се заканува исчезнување во многу делови на светот. Околу 200 земји се наоѓаат пред предизвикот да ги сочуваат „малите” јазици и да се погрижат тие да се употребуваат заедно со светските јазици, Според статистиката, во последните три века има изумирање или драматично намалување на бројот на јазици, особено на американскиот и на австралискиот континент.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago