Categories: Гевгелија

Гевгелија ќе биде приклучена на приклучната станица на интерконективниот гасовод МК-ГР

Интерконективниот  гасовод  МК-ГР  ќе влегува  во  нашата  земја  меѓу  Богородица  и  Стојаково,  ќе  минува  низ  територијата на општина Гевгелија кај Прдејци и Смоквица, а Гевгелија ќе биде приклучена на приклучната  станица  на  влезот  од  градот.

Ова беше презентирано од страна на АД „Национални енергетски ресурси“ во државна сопственост, кое го изработува проектот, на денешната средба со градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков. На средбата стана збор за опфатот на проектот и техничките параметри, бидејќи трасата за минување низ територијата на општина Гевгелија е веќе утврдена.

Како што е познато, со интерконективниот гасовод нашата земја ќе биде приклучена на грчкиот гасовод, што овозможува приклучување и на општина Гевгелија. Значењето на овој проект се истакнува во стратегиската определба на Република Северна Македонија за вклучување на природниот гас во енергетиката, а со тоа и развој на постоечката гасна инфраструктура на ниво на цела држава.

Со интерконективниот гасовод од Грција, кој ќе се вкрстува со интерконективниот гасовод од Бугарија кај Неготино, ќе бидат обезбедени предуслови за поголема раширеност на гасоводната мрежа во земјата.

За таа цел, во наредниот период, а заради изработка на Студијата за оценка на влијанието на Проектот врз животната средина ќе биде „снимана“ социо-економската состојба. До месните заедници и населените места Прдејци, Смоквица и Габрово, од кај што ќе минува гасоводот ќе бидат проследени прашалници. Проектот „Интерконективен гасовод МК-ГР“ треба да биде готов до крајот на годината, а за гасоводната мрежа во општината ќе биде изработен посебен проект за секундарна гасоводна мрежа. Општина Гевгелија веќе аплицираше за изработка на техничка документација до на објавениот повик од Шевдската амбасада и УНДП и Министерсдтвото за локална самоуправа на РСМ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago