Центарот за развој на Југоисточниот плански регион денеска ги претстави успешно завршените проекти во Општина Василево и општина Струмица

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион денеска ги промовираше успешно реализираните проекти „Заеднички работен простор – средство за зајакнување на соработката со бизнис секторот“ и „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“ со финансиска поддршка од Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

Градоначалникот Коста Јаневски, којшто е и претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион со амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Сибил Сутер Теада, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалниците од општините на Југоисточниот плански регион, ја посетија агрометеоролошката станица во општина Василево, која што е една од 23-те поставени во регионот.

-Ги користиме сите можности за овој наш регион да добие компоненти кои во секој поглед и од секој аспект би помогнале во неговиот развој. Еден од ваквите успешни примери е и овој реализиран проект со агрометеорoлошките станици кои се надевам ќе бидат правилно искористени и ќе помогнат во подобрувањето на квалитетот на земјоделските производи, рече Јаневски.

Свечената промоција на проектите продолжи во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во Струмица.

 Агрометереолошките станици се поставени во околината на Ангелци и Пиперево со опфат од вкупно 60 ха.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago