Categories: Радовиш

Одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината-2019“ во Радовиш

Во присуство на голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот во општина Радовиш, синоќа  во Ресторан „Амбасадор“ беше одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“. Манифестацијата беше отворена со поздравен говор на Градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов.

Од страна на Градоначалникот беше упатена јавна благодарност до сите компании кои даваат поддршка и придонес за развојот на спортот во Радовиш.
Според претседателот на  комисијата за образование, спорт и култура при  Советот на општина Радовиш Ристе Спасов, претходно  врз основа на објавениот Оглас за пријавување на спортисти, спортски работници и спортски екипи бил извршен избор на најдобрите поединци – спортисти во различни категории, спортски екипи, тренер, спортски работник и посебни спортски достигнувања за изминатата 2019-та година.

На манифестацијата најпрво беа доделени Плакети на најмладите спортисти и тоа на: Марко Илиев од Џудо клуб „СЕНСЕИ“ за Спортска надеж, на Мехмет Усеинов од Боречки клуб „БУЧИМ – РАДОВИШ“ и на Магдалена Трајчева од Џудо клуб „СЕНСЕИ“ во категоријата Пионери. Веднаш потоа беа доделени Плакети на: Училишната спортска екипа „Никола Карев“, на Филип Трајанов и на Ивица Илиев од Ракометниот клуб „Радовиш“, на Гоце Димовски од Пинг-понг клубот „Радовиш“, како и на кадетите Арон Николов и Зорица Јованова од Боречкиот клуб „БУЧИМ – РАДОВИШ“.

Потоа следуваа Плакетите на Горан Атанасов за спортски тренер на годината и на Владо Лазаров од Боречкиот клуб „БУЧИМ – РАДОВИШ“ за спортски работник. На крај од страна на Градоначалникот Конзулов, беа доделени Плакетите за спортски екипи на годината на: Алпинистички клуб „Плоча“, СРРК „Крап“ и Пинг-понг клуб „Радовиш“, како и Плакетите на Мирко Василев од Муаи Таи клуб „КОМБАТ“ за Спортист на годината – категорија Јуниори и на Александар Стојанов од Боречкиот клуб „БУЧИМ – РАДОВИШ“ за Спортист на годината – категорија Сениори.

Заменик генералниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов рече дека Рудникот бучим и понатаму ќе продолжи да го подржува спортот во Радовиш, но упати порака да се направи разлика помеѓу аматерскиот и професионалниот спорт. Според него од аметерскиот треба да изникнат професионалци.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago