Димковски: До завршување на законскиот рок остануваат уште 7 отсто тутун за откуп, секој килограм произведен тутун ќе биде откупен

Секој килограм произведен тутун од реколтата 2019-та ќе биде откупен, порача на прес-конференција, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Досега 93,4 отсто од произведениот тутун е откупен, а до крај на месецот, додека е и законскиот рок остануваат уште околу 7 отсто тутун за откуп, којшто во целост ќе биде откупен. Државниот инспекторат за земјоделство има засилени контроли на терен, и доколку се утврдат неправилности при откупот, ќе следат казни за тутунските компании, за да нема застој во откупот на тутунот.

„Тутунарите нема да бидат оставени на цедило. Ги повикувам тутунопроизводителите да не потпаѓаат под манипулации, затоа што откупот законски трае до 29-ти февруари,  а се очекува овие 7 отсто да се откупат и пред рокот, за десетина дена. Просечната откупна цена во моментов е 220,8 денари за килограм што е највисока просечна откупна цена досега. Лани беше 214,2 денари за килограм, а во 2017-та просечната откупна цена беше 217, 5  за килограм. Во 2015-та година просечната откупна цена беше 184 денари за килограм, а во 2016-та, 196,8 денари. Ако се вратиме во 2014-та просечната откупна цена била 117,2, што е најниска просечна откупна цена од 2006 наваму“, изјави министерот Димковски.

При тоа, Димковски посочи дека од 2017-та година, во овие три реколти дури над 30 отсто од тутунот е проценет на прва класа. За споредба, во однос на проценката на тутунот, во 2015-та само 12 отсто од тутунот бил проценет како прва класа, а во 2016-та година, само 16 отсто. Вредноста на откупениот тутун во моментов е над 5,4 милијарди денари, што е двојно повеќе од 2014-та, кога вкупната вредност на откупениот тутун била само 2,9 милијарди денари додаде Димковски.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago