Жителите на Дојран на локален референдум кој се одржа
вчера одлучуваа дали дел од комуналните услуги во општината треба да бидат
дадени на јавно приватно партнерство или
пак не.
Имавме успешен и мирен
референдумски ден, благодарност до сите кои излегоа и го дадоа својот глас објави градоначалникот
Анго Ангов на својот фр профил.
Според
објавените неофицијални резултати референумот беше успешен со 53,34% излезност.
од
вкупните гласачи ЗА гласале – 402 гласачи,
против биле 965 и 37 неважечки гласа.
ЈПП НЕМА ДА ИМА. Продолжуваме понатаму во изнаоѓање на други решенија, ова беше
само еден пример како треба да функционира едно демократско општество и како се
носат битни одлуки во согласност со народот, напиша Ангов.
Референдумското прашање гласаше ,,Дали сте за или против доделување на договор за јавно приватно партнерство за услугите, снабдување со вода за пиење,
одведување на урбани отпадни води и третман на урбаните отпадни води во општина
Дојран.,, Право на изјаснување имаа 2662
граѓани запишани во единствениот избирачки список. Од општинската изборна
комисија информираа дека гласањето поминло без никакви проблеми или пак
нејаснотии.
Своето право на глас жителите од општина Дојран го остварувија на осум избирачки места.