На Основниот суд Гевгелија му се вратени надлежностите, односно
овој суд од 1 јануари 2020 година повторно извршува надлежностите на Основни
судови со проширена надлежност.
На 88 Седница Собранието на Република Македонија го донесе
дополнетиот Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите,
според кој во член 8 е извршено следното дополнување: „Основните судови
во Гевгелија, Кавадарци и Кичево ќе ги вршат надлежностите на основни судови со проширена надлежност од 1 јануари 2020 година.“
Судот на општина Гевгелија е надлежен во повеќе области и тоа: во граѓански
спорови во кои имотно-правното побарување е над 50.000 евра, во казнената
област и тоа како во кривичната, така и во прекршочната постапка.
Во кривичната постапка, Судот со Јавното обвинителство е
надлежно и за кривични дела за кои е запретена казна над 10 години. Во
прекршочните постапки нема поголеми промени, но во нив може да се применуваат
алтернативни мерки. Оваа институција е надлежна и за стопански спорови меѓу две
правни лица што досега не беше случај.
Според градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков,
враќањето на надлежностите на Основниот суд во Гевгелија е за поздравување
бидејќи значително ќе придонесе за олеснување на судските постапки, пред сè за
граѓаните и правните лица од четирите опшитини: Гевгелија, Богданци, Валандово
и Дојран кои изминативе години мораа да се јавуваат на Суд во Велес.