Од вчера започнаа часовите за бесплатниот четиримесечен курс по англиски јазик за талентирани ученици, финасиски подржан од компанијата Солвеј преку Рудникот Бучим во Радовиш. Четврта година по ред компанијата Солвеј ја спроведува оваа стипендија преку која двајца најдобри ќе учествуват на Музичкиот оперски камп во Салзбург, Австија каде ќе се претстават со своите таленти. Часовите ќе се одржуваат во СОУ Коста Сусинов во Радовиш, а на првиот час присуствуваше и заменик генералниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов.
Николов им посака на учениците да не им биде приоритет патувањето во Салзбург туку да го научат англискиот јазик и да се дружат. Часовите ќе ги одржува професорката Катерина Сусинова, заедно со онлајн професорка од Америка, со што на 18-те ученици колку што се запишани годинава, ќе им помогнат да го доусовршат англискиот јазик.
Компанијата Солвеј
годинава ги прифати сите кандидати кои што се пријавија за бесплатно
доусовршување на англаскиот јазик од кои 11 ученици доаѓаат од Општина Конче.
Учениците се
надеваат дека на овој курс ќе го доусовршат англискиот јазик а се надеваат дека
ќе бидат избрани и за патување во Салзбург, кој се наоѓа во средниот
дел на Австрија.
Салзбург е познат по барокниот стил, еден од најзачуваните во Средна Европа. Поради тоа, градското јадро претставува културно наследство
заштитено од УНЕСКО. Исто така, познат е и како “град на класичната музика“, благодарение на Волфганг Амадеус
Моцарт, кој се родил
токму овде