Министерката
за финансии, Нина Ангеловска на одржаната прес конференција рече дека Финансиите
се крвотокот на општеството. Како министер
за финансии во техничката Влада составена да организира слободни, фер и
демократски избори, како и согласно начелата за транспарентност и отчетност
според кои работиме, би сакала да ги информирам граѓаните за тековното работење
на Министерството за финансии додаде Ангеловска.
– Буџетот е во добра кондиција, финансиите се
стабилни. Минатата година имавме добра динамика на наплата со реализација на
проекцијата за вкупни приходи од 97%, на ДДВ од 100%, додека на придонесите од
101,2%. Очекуваме и ќе настојуваме и годинава да имаме добра реализација на
приходната страна.
Работиме и на подобрување на наплатата на приходната страна –
едниот начин е преку борбата против сивата економија. Тука можам да кажам дека
во Министерството за финансии во напредна фаза е изработката на акцискиот план,
кој преку низа мерки, кои се однесуваат на фискализацијата и спречувањето на
даночната евазија, ќе ја адресира сивата економија.
Расходната страна на буџетот, исто така, се сервисира редовно
и согласно законските рокови:
Декемвриските пензии се исплатени навремено, а веќе од
следниот месец пензионерите ќе добијат повисока пензија за 700 денари со
исплатата на јануарската пензија. Во буџетот се обезбедени средства за
покачувањето и обврската ќе се сервисира уредно и навремено. Ќе посочам дека со
редовното усогласување на пензиите, пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200
денари што значи дека во 2020 година, пензиите ќе пораснат за околу 900 денари.
Со ова
покачување во 2020 година, просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари,
или за три години просечната пензија ќе се зголеми за вкупно 1.746 денари, додава Ангеловска.