ЈП Национални шуми, Подружница Плачковица од Радовиш, започна
со склучување на нови договори за набавка на огревно дрво, за новата грејна сезона.
Од таму апелираат до правните и физички лица навреме да склучат договори, со цел да се
планират потребните количини на дрво. Цената по метар кубен, останува иста како
и претходните години.
Дабот се продава по 3505 денари за метар кубен, а цената за Бука изнесува 3387 денари за
метар кубен. Според директорот Димче Анастасов се апелира за навремено
склучување на догвори и поради еколошки причини, односно да се намали
загаувањето. Бидејки се препорачува да се користи просушено дрво а
не сурово кое при горењето испушта повеќе чад.
Продажба на
огревно дрво за физички лица може да се врши најмногу на 6 рати. Граѓаните може
да ги склучат новите договори директно
во Подружница Плачковица во Радовиш, или
преку синдикалната органзиација во фирмата во која работат.
Рокот за
поднесување на апликации за склучување на договори е до исполнување на планираните
количини на огревно дрво, или до крајот
на Март годинава. Рокот за склучување на годишни договори со правни лица, кои имаат регистирано склад
за промет на дрво и дрвни сортименти е до исполнување на слободните планирани
количини на огревно дрво или техничко
дрво. ЈП Национални шуми, нема да
склучува догвори со лица кои имаат заостанат долг.