Categories: Радовиш

Радовиш ги започна подготовките за одбележување на празникот Богојавление – Водици

По повод големиот православен христијански празник Богојавление – Водици, денеска во просториите на црковниот храм „Света Троица“  во Радовиш се одржа состанок со цел, продолжување на Богојавленската традиција во општина Радовиш и за избор на нов кум за Богојавление.

На состанокот присуствуваа повеќе јавни личности од политиката и бизнисот, меѓу кои и градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, секретарот во општината Драги Стојанов, претседателот на Советот Коле Чаракчиев и  свештениците од црковниот храм од Радовиш.

За нов кум на манифестацијата „Богојавление – Водици 2020 година“ се кандидираше и едногласно беше избран Горан Поцев, кој ќе го преземе кумството од овогодишниот кум Ѓорги Ристов. За нов кум на манифестацијата „Богојавление – Водици 2021 година“ се кандидираше и беше избран бизнисменот г-дин Зоран Мицев.

Нека му е честито и од Бога благословено кумството на новиот кум. Бог нека им дарува мир, спокој и благосостојба на неговото семејство и на сите граѓани на општина Радовиш, е пораката од црквата.

Од денеска започнаа и подготовките за полнење на базенот во комплексот Шампион во Радовиш, каде традиционално се фрла Светиот крст на празникот Богојавлени – Водици, кој се одбележува секоја година на 19 јануари. Богојавление – Водици се одбележува во чест на крштевањето на Исус Христот во реката Јордан.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago