Categories: Радовиш

Ќе се уредува коритото на река Сушица во должина од 624 метри

Уредување на дел од коритото на реката Сушица во должина од 624м, поставување на каскадни прагови, кејски ѕид, уредување на дното и градење скали и рампи ќе опфати проектот кој ќр го реализра Општина Радоиш во партнерство со општина Сандански.

Имплементацијата на проектот„ Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ започнува деновиве. Истиот е финансиран од ЕУ преку Интеррг-ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р.С.Македонија во вредност од 588 илјади евра.

Главната цел на проектот е спречување и ублажување на последиците од природните катастрофи од прекугранична дименизија.
Токму река Сушица во невремето пред околу 12 години предизвика ужасна поплава со катастрофални последици во стопанскиот, и инфраструктурниот дел на Радовиш.

Проектот се имплементира преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во партнерство со Општина Радовиш и Општина Сандански со времетраење од 24 месеци а во вкупната вредност на проектот Општина Радовиш учествува со кофинансирање од 191.636 евра. Останатите средства се обезбедени од Министерството за локална самоуправа и Европската унија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago