Во рамки на активностите за борба против недозволената трговија
со дрога, во месеците ноември и декември 2019 година спроведена
е меѓународна истрага со австриската и српската полиција во која
се пресечени
повеќе меѓународни канали и запленети
се седумнаесеет килограми наркотична дрога хероин и пет
килограми наркотична дрога кокаин, кои на нелегалниот пазар достигнуваат
вредност од околу 1 000.000 евра . Притоа приведени се 12
лица.
Во
ноември 2019 година од страна на Министерството за внатрешни работи
на Република Северна Македонија во координација на Основното јавно
обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со
Министерството за внатрешни работи на Република Србија и австриската полиција
започната е меѓународна истрага за откривање на организирана криминална група
составена од македонски државјани кои вршеле продажба и транспорт на наркотична
дрога хероин во регионот и во земјите од Западна Европа.
Кај приведените лица кои се дел од
организираната криминална група, пронајдени се парични
средства кои потекнувааат од продажба на наркотична дрога, наркотична дрога
кокаин и вага, како и многу докази со кои се потврдува нивната инволвираност во
вршењето на кривичното дело недозволена трговија со наркотични дроги.
По целосно комплетирање на доказите против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информира МВР.