Categories: Гевгелија

Три агрометеоролошки станици поставени во Општина Гевгелија

Во Гевгелиско се поставени три агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина.

Една станица е поставена во околината на Прдејци и е наменета за производителите на бостан, а две се поставени во околината на Негорци. Една агрометеоролошка станица е поставена на лозовите плантажи на „Ригоимпекс“ и е наменета за одгледувачите на лозја, а другата за житни култури.
„Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“ се поставени во рамките на проектот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, кој е финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој. Согласно земјоделската структура и засадените површини од вкупно доделените 23 станици за Југоисточниот плански регион, на територијата на општина Гевгелија се поставени три станици.
Веднаш по поставувањето на станиците, во Гевгелија беше одржан информативен ден за користење на нови методи за управување во земјоделството и подигање на свеста на земјоделските производители за прекумерното третирање на почвата. На средбата со земјоделците од општината, Центарот за развој на ЈИПР ги презентираше локациите каде се поставени агрометеоролошките станици во регионот преку кои ќе се собираат, обработуваат и добиваат податоци за температура и влажност на воздух, температура на почва, количество на врнежи, сончева радијација, брзина и правец на ветер, влажност на лист како и прогноза на болести на земјоделските култури кои се најзастапени во регионот.
Исто така беше презентирана мобилната апликација „Meteobot“ и веб страница www.agrojug.mk преку коишто сите земјоделци ќе можат на брз и современ начин да ги добиваат потребните податоци со цел да имплементираат соодветни мерки за управување со земјоделските посеви, а истовремено и заштита на животната средина преку намалување на процентот на третирање на почвата информираат од општината.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago