Categories: Струмица

Во „Здравствен дом Струмица“ и официјално се отвори новото „Роса“ школо за родители

Во „Здравствен дом Струмица“ и официјално се отвори новото „Роса“ школо за родители, во рамките на проектот „Роса школи за родителство“, донација од Пивара Скопје и компанијата Coca – Cola преку Роса, а во партнерство со Министерството за здравство.

Ова „Роса“ школо е всушност четврто досега отворено од почетокот на проектот во 2018 г., а до крајот на годинава ќе бидат отворени уште две, во Општата болница во Охрид и во Општата болница во Куманово.

На отворањето беа присутни министерот за здравство, Д-р Венко Филипче, директорката на болницата Љубица Митева и бренд менаџерот за негазирани пијалаци во Пивара Скопје, Катерина Хаџи-Ангелеска-Начевска.

„Како Министерство за здравство навистина ја согледавме потребата од ваков облик на групни здравствено-едукативни работилници во Здравствениот дом во Струмицаи во оваа прилика би сакал да ја поздравам одлуката на Пивара Скопје за продолжување на проектот и во нови градови. Ние обезбедуваме експертска помош и стручен кадар од лекари специјалисти кои работат во овие школи и убеден сум дека струмичани ќе имаат вистински бенефит за сите прашања врзани со родителството. Родителството се учи. Да им овозможиме одговорно и успешно родителство на сите идни родители“, изјави Доц. Д-р Венко Филипче, министер за здравство.

„Навистина ми е драго што овој проект вистински живее, а уште повеќе што ‘Роса’ школите се одлично прифатени ширум земјава. Од името на Пивара Скопје, искрено благодарам што Министерството за здравство сесрдно ја поддржува нашата мисија за чинење добросостојба за целата заедница, а за тоа говори и Меморандумот за соработка што минатата недела го потпишавме. Ни претстои отворање на уште две школи годинава, а со Меморандумот се обврзуваме на уште три до крајот на 2020 г., со цел на што повеќе семејства да им ги овозможиме бенефитите од овие бесплатни работилници. Во меѓувреме, ги поканувам сите трудници од Струмица и членовите од нивните потесни семејства да се пријавуваат за обуките и да ја посетуваат ‘Роса’ школата во нивниот град“, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска-Начевска од Пивара Скопје.

Целта на „Роса“ школите за нови родители е всушност тие да се едуцираат како да се справат со предизвиците, но и да се поддржат во првите денови од родителството, а обуките опфаќаат повеќе корисни теми како здрава нега во бременоста, психофизичкаподготовка за породување, доење, нега на новороденчето, родителство итн. Во рамки на „Роса“ школата ќе работи обучен и квалификуван тим сочинет од специјалист гинеколог-акушер, педијатар и патронажна сестра, кои ќе се обидат да одговорат на сите прашања и дилеми кои новите родители би можеле да ги имаат.

Директорката на „Здравствениот дом Струмица“, Љубица Митева рече дека имаат голема чест што се ставени на мапата за ‘Роса’ школи за родителство и во таа насока, изрази благодарност, до Пивара Скопје и Министерството за здравство.

Во ова школо ќе работи стручен тим од доктори од овој Здравствен дом и искрено верувам дека младите семејства и сите идни родители од Струмица ќе се пријавуваат за работилниците и ќе ги уживаат придобивките што тие ги нудат, сѐ со цел вистински да се едуцираат за родителството и подготвени да зачекорат во родителските улоги“, изјави Митева.

Средствата за „Роса“ школите се собрани преку кампања во која за оваа намена се издвојуваше по 1 денар од секое продадено шише вода „Роса“ од 1,5 л.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago