Советот за рамномерен регионален развој со која претседаваше заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Kочо Анѓушев, се дискутираше за предлогот на Министерството за локална самоуправа, за распределба на средства за финансирање на проекти на планските региони од Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година.
Средствата во износ од околу 21,6 милиони денари се резултат на заштеди остварени при реализација на проекти од страна на Центрите за развој на планските региони во сите осум плански региони. Поради ова, Советот на денешната седница донесе oдлука овие средства да бидат доделени за 3 нови проекти и за зголемување на износот на 5 веќе постојни проекти.
Дополнително, извршено е дофинансирање на проектот за ревитализација на патот Богородица – Стојаково, крстосница со регионалниот пат Гевгелија – Богданци (втора фаза). Како што е познато првата фаза од овој пат се наоѓа пред реализација, додека за втората фаза дополнително тртеба да биде распишан тендер.
Инаку, и за двете фази од овој проект општините Гевгелија и Богданци аплицираа преку Југоисточниот плански регион до Бирото за регионален развој. Покрај ова со заштедените средства ќе се финансира и уредување на дел од индустриските зони во Југоисточен Плански Регион, со цел зголемување на економскиот развој.