Categories: Радовиш

Објавен јавниот повик за учество во 4-та стипендиска, образовно – музичка програма на Солвеј

Талентираните ученици имаат повторно можност за бесплатно учество на меѓународниот музички камп за деца и млади во Салцбург, во летото 2020.
Рудникот “Бучим”, филијала на Солвеј Инвестмент Груп во Северна Македонија, го отвори својот годишен повик за учество во стипендиската програма на Солвеј.

Млади талентирани ученици на возраст од 14 до 17 години коишто имаат некаков талент во музика, применета уметност, етнички занает, актерство или било каков друг вид на креативна изведба имаат право да аплицираат за учество во стипендиската програма.

За учество во Солвеј музичката програма, потребно е кандидатот да сними видео во кое на својот мајчин јазик ќе објасни зошто сака да учествува во кампот за деца и млади во Салцбург и ќе го прикаже својот креативен талент/ таленти.

Пријавувањето започнува од 01 декември, 2019. Крајниот рок за пријавување е 15 јануари, 2020.

Одбраните кандидати ќе посетуваат бесплатен 4-месечен курс по англиски јазик, а по завршетокот на курсот тие влегуваат во вториот изборен круг и треба да снимаат видео во кое на англиски јазик ќе се претстават себе си и ќе го прикажат својот талент.

Двајца од најкреативните, најкомуникативните, најспособните и најталентираните финалисти ќе бидат избрани за патување во Салцбург, со сите трошоци покриени и престој од една недела во Салцбуршкиот музички камп за деца и млади, кој што ќе се одржи во август, 2020, во Австрија.
За повеќе детали, како и за пријавување за стипендијата за музичкиот камп Солвеј можете да ја посетите  интернет страницата:

http://solwaygroup.com/musiccamp/?lang=mk

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago