Categories: Македонија

Од денеска започна бесплатната вакцинација против сезонскиот грип и во Радовиш, за што се обезбедени 460 вакцини

Од Министерството за здравство вчера информираа дека оваа сезона се набавени вкупно 28 илјади вакцини, кои се бесплатни и наменети за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени, како и здравствени работници.

Центрите за јавно здравје набавија 21.000 комерцијални вакцини, кои веќе се достапни за граѓаните од понеделникот најави министерот Венко Филипче.

Бесплатната вакцинација против сезонски грип започна од денеска и во Радовиш  и се вакцинира со закажување преку мој термин. За граѓаните на подрачјето на Здравствен Дом Радовиш се обезбедени 460 бесплатни вакцини, наменети за хронично болните лица и постарите од 65 години. Додека комерцијални вакцини се обезбедени 150, дознаваме од Центарот за јавно здравје -Штип, подрачна еднинца, Радовиш.

Покрај десетте центри за јавно здравје, во вакцинацијата годинава вклучени се и трите поликлиники: Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров при Здравствениот дом во Скопје.

Во центрите за јавно здравје вакцинацијата ќе се одвива во две смени, а бесплатната вакцинација во трите поликлиники ќе се одвива во периодот од 14 до 18 часот.

Од Министерството за здравство информираат дека станува збор за вакцини од реномирани странски производители, меѓу кои 27 илјади вакцини се од Mylon Abot, а илјада вакцини од Sanofi.

Како и во изминатите сезони, пикот на активноста на вирусот на сезонски грип се очекува во февруари, а вакцинацијата во овој период, ноември и декември, ќе обезбеди најголема заштита во периодот кога се очекува активноста на вирусот да биде највисока.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago