Според податоците на финансии 170 илјади граѓани чекаат поврат
на парите од платениот ДДВ. Средствата кои ќе бидат исплатени за скенираните сметки во јули, август и
септември.
Од први до 15 декември на сметките на граѓаните кои скенираат
фискални ќе легнат околу три милиони евра.
За скенираните фискални сметки ќе има и награди од средината на
идниот месец. За оваа министертвото за финансии и фондот за иновации ќе
организираат натпревар. Оние кој ќе понудат најдобро решение ќе добијат околу
32 илјади евра.
Од
опозицјата обвинуваат дека МОЈ ДДВ е популистичка мерка од која корист имаат
побогатите.
Наградната
игра се воведува за да се задржи интересот кон мерката која не дава резултати.
Најавениот поврат на средства е мал ако се гледа поединечно по граѓанин. Се
работи за мерка од која добиваат оние кои имаат да трошат повеќе пари, значи за побогатите, се вели во
дописот од ВМРО ДПМНЕ.
Апликацијата МОЈ ДДВ почна да функционира од први јули годинава.
Во иднина ќе се надградува и апликацијата МОЈ ДДВ. Сите кој ја
користат ќе можат да проверат коку пари имаат од поврат и да пријават ако некој
не им издал фискална сметка.
Враќањето на данокот ќе се
врши на трансакциската сметка на лицето, по службена должност од страна на
Управата за јавни приходи, во рок од 60 дена по истекот на календарското
тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.
Исплатата на средствата ќе се
врши од Буџетот на Република Македонија, преку
Управата за јавни приходи.
Вратениот износ на данокот на додадена вредност
согласно овој закон не претставува доход кој подлежи на оданочување со данок на
личен доход односно граѓаните немаат обврска да го пријават овој вид на приход
и немаат обврска да платат данок на личен доход.
Инаку Апликацијата можат да ја симнат сите граѓани со навршени 15 години, меѓутоа истата можат да ја користат само оние граѓани кои
се регистрирани корисници на системот за електронска пресметка за приход и данок
(е-Персонален данок) на Управата за јавни приходи; и
Поседуваат трансакциска сметка кај носител на платен промет.
За регистрација на пензионерите и социјално
ранливите категории, им
беше дадена можност да се регистрираат во системот на е-пдд, во било
која организациона единица на УЈП, само врз основа на важечки документ за
идентификација (лична карта, пасош), без претходна електронска регистрација.
со помош на службениците на УЈП, овие граѓани ќе можат да ги скенираат фискалните сметки на
уредите на УЈП.