„Карамановите поетски средби“ оваа година се организираат во знакот на големиот јубилеј „1000 години
Радовиш“.
Добитник на главната награда е
големиот европски и светски поет Хусто Хорхе Падрон кој ќе биде претставен од
страна на познатата македонска писателка и критичар – проф. Д-р Кристина
Николовска.
Во
склоп на програмата ќе бидат доделени три награди: Европска награда награда за
поезија „Ацо Караманов“ која годинава му
се доделува на големиот шпански и светски поет Хусто Хорхе
Падрон, Балканска награда за поезија „Ацо Караманов„ која ја добива
хрватскиот поет Валерио Орлиќ за поетската книга „Обележувам ѕвезди“ и
наградата „Караманов“ за најдобра книга од македонски автор која годинава ја
добива Даниела Андоновска Трајковска за книгата „Електронска крв“.
Двете наградени поетски книги:
„Обележувам ѕвезди„ од Валерио Орлиќ и „Електронска крв„од Даниела Андоновска
Трајковска се објавени во едицијата „Караманов„ којашто пред дваесет години
беше покрената од страна на претседателот на Карамановите средби – Борче Панов.
Во чест на овој јубилејот 1000 години Радовиш, во рамките на 46 Карманови средби ќе
се случи праизведбата на кантатата „Радовидение„ за која музиката ја напиша
големиот македонски композитор Стојан Стојков, а стиховите познатиот македонски
поет Борче Панов.
Мултумедијалниот карактер на оваа
престижна книжевна манифестација годинава ќе биде збогатена и облагородена со
отворањето на Изложбата на познатиот македонски сликар Ниче Василев, во петок на 22 ноември
во 18 часот, во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш со што ќе
започнат Карамановите поетски средби, по што ќе следува кореографијата „Перон“ од страна на кореографот
Изабела Ангелова и Балетското студио „Газели“.
Во 18,30
часот ќе
следува Свечено отворање
на 46 Караманови поетски средби од странана градоначалникот Герасим
Конзулов а во 18,45 часот Беседа за Ацо Караманов со Стојан Тарапуза.
Годинава ќе бидат промовирани и три
поетски книги: Промоцијата на најновата
поетска книга „Бакнежот на судбината„ од еминентниот македонски поет Раде
Силјан.
Промоцијата на најновата поетска книга
„Дождови – 90 песни„ од култниот современ македонски поет Матеја Матевски.
Девеесте песни овде се симболичен
израз на годините на возраста кои би ги имал од Матеја Матевски доколку беше
жив до денот на објавувањето на оваа книга. За поетскиот опус на Матеја Матевски ќе зборува приредувачот на оваа книга
и уредник – Раде Силјан.
Промоцијата на наградената поетска книга на
хрватскиот поет Валерио Орлиќ „Обележувам ѕвезди“ со Балканската награда за
поезија „Ацо Караманов“, за која ќе зборува Борче Панов.