Categories: Радовиш

Градоначалникот Конзулов во посета на Турција: Договорена соработка и финансиска помош од Светската унија на турски општини

Градоначалникот Герасим Конзулов оствари работна посета на Република Турција во рамките на „Програмата за соработка и размена на информации и искуства“ по покана на претседателот на Светската унија на турски општини, Угур Ибрахим Алтај.
За време на посетата која се реализира од 3 до 9  ноември, градоначалникот Конзулов оствари средба со градоначалникот од збратимената Општина Ергене, Расим Јуксел и притоа е разговарано за  интензивирање на соработката и добивање на финансиска помош за реализација на проекти од локално значење преку Светската унија на турски општини.
Програмата има за цел да ја продлабочи меѓународната соработка со Република Турција на меѓуопштинско ниво и се одржува еднаш во 4 години на која учествуваат  претставници од Македонија.
Во фокусот на тематските работни сесии беше работењето на локалните администрации и позитивните искуства и практики кои ги имплементираат турските општини.
Годинава на активностите кои се одржаа во 7 општини во градовите Истамбул и Бурса учествуваа 12 градоначалници од Македонија.
На завршната церемонија, во духот на пријателството и соработката, градоначалникот прими сертификат од г-нот Јуксел за учество во работата на овогодишната Програма.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago