Categories: Радовиш

Поставување на енергетски-ефикасно јавно улично осветлување по ЕСКО Модел, во општина Радовиш

Општина Радовиш е меѓу првите пет пилот општини  кој што учествуваат во проектот за јавно приватно партнерство за улично осветлување по  ЕСКО модел.

За таа цел во просторите на општината беше одржана презентација на физибилити студијата за јавно улично осветлување во Општина Радовиш, која треба да биде усвоена на седница на Совет од страна на советниците.

-По ЕСКО модел на Јавно приватно партнерство целокупната инвестиција ја носи приватниот партнер и општината воопшто не се оптеретува и не учествува со финансирање  истакна меѓу другото координаторот од Европска Банка за обнова и развој, Здравко Стефановски.

На презентацијата  присуствува, претседателот на Советот Коле Чаракчиев, дел од советниците и раководителот на секторот за урбанизам  Корчо Сусинов, со цел да бидат запознаени за целокупната постапка.

Постапктаа за јавно-приватно партнерство за објавување на тендерската документација е од страна на општините. Основните начела на тнр.ЕСКО модел, подразбира договорот за енергетски услуги, да мора да се потпише меѓу давателот и корисникот.

Проектот предвидува поставување на енергетски-ефикасно јавно улично осветлување во само неколку општини, меѓу кои и Општина Радовиш.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago