Во Општинската народна библиотека ,,Браќа
Миладиновци’’ во Радовиш денеска се одржа
традиционалниот 20-ти по ред Општински натпревар ,,Млади
библиотекари 2019’’ .
На натпреварот зедоа учество 20
учиници од 5-то до 9-то одделение, од
Основните општински училишта: „Никола Карев,“ – Радовиш, „Крсте Петков
Мисирков“ – Радовиш, „Гоце Делчев“ – Конче, „Коста Рацин“ Подареш, „Орце
Николов” од Ињево.
Учениците одговараа на прашања од областа на библиотечната
дејност. По разгледувањето на прашалниците и
постигнатите индивидуални резултати на учениците, комисијата
констатира дека:
Прво место освои Давид Јанев, осмо одделение од ООУ „Орце Николов“ од Ињево.
Второ место освои Сања Ѓеоргиева, IX-2 од ООУ „Никола Карев“ од Радовиш..
Третто место освои Катерина Манчевска, IX-1 од ООУ „Никола Карев“ од Радовиш.
Општинскиот натпревар на „Млади билиотекари“, по 20 пат го организира
Библиотеката во Радовиш, со цел да ги
стимулира младите луѓе да се интересираат за библиотекарството.
На
Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој ќе се одржи на 15 ти ноември во
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе учествува првонаградениот Давид Јанев, ученик во осмо одделение од ООУ „Орце
Николов“ од Ињево.
На сите ученсиници на натпреварот им
беа доделни пригодни подароци.