Categories: Македонија

Владата донесе одлука за намалување на сообраќајните казни, највисоката ќе биде 250 евра

Највисоката казна за сообраќаен прекршок ќе биде 250 евра, а најниската 15 евра. Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на казните за сообраќајни прекршоци односно ги усвои предлози и измени на серија закони на Министерството за внатрешни работи заради усогласувањето со претходно донесениот Закон за прекршоци.

Не се намалуваат казните за животозагрозувачки прекршоци, кои остануваат исти, а се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни.

Со измените се продолжува и рокот на важење на возачката дозвола за повозрасните возачи од 70 на 75 години. Се воведува мерката времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, како и возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.

Се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот со цел да бидат заштитени оние кои управуваат со нив, но да бидат заштитени и граѓаните со одредби кои значат определување на место на движење на тротинетите, возрасната граница за управување со овој тип на возила, како и обврската за користењето на заштитни средства. 

На 161 седница на Владата меѓу другото беа донесена и одлуки: Најдоцна за 6 месеци два хеликоптера за прва помош да бидат бесплатно на услуга на граѓаните; 210 научни работници и вработени во 7 институти ќе добијат повисока плата за 25%; Покрената е постапка за гасификација на болницата во Куманово и други одлуки.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago