Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 октомври 2019 година (среда), Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.
Празникот
се празнува од 2007 година кога бил донесен и изгласан новиот закон за државни празници.
Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна
организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на
солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале
шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и
знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна
група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет.
Организацијата
се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.
Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно
движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира
со создавање современа самостојна македонска држава. Овој
датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле во Македонија
за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија
значела формирање самостојна држава и затоа 23 октомври симболизира континуитет
на македонската борба за независност