Со Организаторот
на Манифестацијата Центар за Култура „Ацо Караманов„ и градоначалникот на Општина Радовиш Герасим
Конзулов како покровител на истата, го
искаажаа своето задоволство од самата манифестација. Рекродно голем број
продадени самуни и пијалок, констатираа угостителите. Тие потврдија уште еднаш
дека локацијата одговара за ваквата манифестација.
Градоначалникот
Герасим Конзулов им посака на угостителите и за наредната година да имат
успешна манифестација и уште поголема продажба.
Директорката на
центарот за култура Изабела Ангелова им се забалгодари на учесниците на „Самун
ем татлија“ и ги спомна сите подржувачи за да манифестацијата биде успешна.
„Големата
посетеност на манифестацијата е мотив плус, за наредната година да подготвиме поквалитетна програма за поголем број на
посетители, со што сите ќе бидат задоволни“, додаде директорката Ангелова .
На средбата покрај
импресиите, беа изнесени и некои мали забелешки од страна на угоситителите, а кои би требало да се отстранат за наредната
година. Инаку заедничкиот заклучок беше
дека угостителите максимално се труделе да го задржат квалитетот на радовишкиот самун, дека се продадени околу 40 илјади самуни од
страна на околу 30 илјади посетители и испиено повеќе пиво и други пијалоци од лани.