Categories: Струмица

Започна реконструкцијата на локалниот пат Ново Владевци – Сушево, Општина Василево

Општина Василево од денеска започна со реконструкција на локалниот пат Ново Владевци – Сушево во должина од 1878 метри и ширина од околу 4,5 метри информираат од општината.

 Станува збор за целосна реконструкција, односно реконструкција во целата должина од клучката со магистралниот пат А4 Струмица –Скопје па се до центарот на Сушево со отстранување на стариот нефункционален асфалтен слој и поставување на нов асфалт. Реконструкцијата опфаќа и изградба на масивен потпорен зид и еден монтажен цеваст пропуст.

„Годишните активности во сферата на изградба и реконструкција на локалната патна мрежа продолжуваат да се реализираат според планираното. Како локална самоуправа и градоначалник континуирано работиме во насока на подобрување на условите на граѓаните во сите области и во сите населени места. Нашата заложба во сферата на локалната патна инфраструктура е асфалт до секој дом. Тое е потреба и стандард на чие реализирање продолжуваме континуирано да работиме“ изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев по повод почетокот на градежните работи на овој локалeн пат.

 „За два месеци или отприлика до крајот на оваа година, стариот, полн со дупки и тежок за возење пат ќе биде минато а неговите корисници, главно жителите на двете населени места Сушево и Владевци ќе добијат целосно нов и пред се квалитетен пат“, додава градоначалникот Јанев.

Вкупниот буџет за реализација на предвидените активности изнесува околу 11,5 милиони денари или околу 190 000 евра кои општина Василево ги обезбеди од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago