Categories: Македонија

На граничниот премин Богородица, запленети се околу 45 килограми марихуана

Имено, како што информираат од МВР, на 6 октомври 2019 година,  околу 11:00 часот, на излез од државата на граничниот премин Богородица, се пријавило патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, управувано од А. М.(44) државјанин на Република Албанија, во кое како сопатник патувал и неговиот осумнаесет годишен син. По пристигање на граничниот премин, возилото од страна на царинските службеници било селектирано за детална контрола,при што под седиштата од возилото се пронајдени три специјално изработени простори за криење на стока- бункери, во кои се пронајдени 45 пакувања завиткани со ПВЦ фолија наполнети со марихуана со  тежина од околу 45 килограми.

Осомничениот изјавил дека дрогата ја набавил во Албанија, а нејзината вредност на турскиот нарко пазар би достигнала од  140.000 до 180.000 евра.

Осомничените се лишени од слобода и истите ќе бидат предадени во Основниот суд Велес, а Царинската управа на Република Северна Македонија до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава, заради постоење на основано сомнение дека сториле по едно кривично дело,  „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago