Активистките на Женска
акција Радовиш спроведоа улична акција во рамките на проектот „Активни жени –
подобри општини“ чија цел е унапредување на родовите прашања во буџетското
планирање на локално ниво. Проектот е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување
на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните
механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на
Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети
Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија.
Целта на акцијата беше идентификување на
проблемите со кои се соочуваат жените во општина Радовиш и давање на предлози
како и за што да се потрошат општинските пари во 2020 година.
Акцијата се спроведе во саботата во центарот на Радовиш и во истата се вклучија повеќе жени случајни
минувачи, кои пред се побараа, да се подобри животот на жената во локалната
заедница.
Потоа како основни проблеми ги потенцираа: Улично осветлување, почист град,
обезбедување на паркинг простор и забрането паркирање на тротоар, решавање на
проблемот со кучиња скитници, градинка за дечињата и после 17 часот за ангажирани родители,
соодветен стручен кадар за работа со деца со посебни потреби и други барања.