Categories: Македонија

Премиерот Заев присуствуваше на традиционалната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“

Должност на Владата е грижата за земјоделците и нивните семејства, бидејќи земјоделството е еден од носечките столбови на македонската економија, рече  Заев кој присуствуваше на традиционалната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“, кој  се одржа во Кочани. Премиерот Заев, најпрво ја проследија традиционалната манифестација на жнеење на оризот, а потоа и саемот на традиционална храна и културно-уметничката манифестација по повод настанот.

Во своето обраќање Заев истакна дека со последните измени во ребалансот на Буџетот, вкупната поддршка за земјоделците достигна близу 7 милијарди денари.

„Само за оризот, со ребалансот на Буџетот се обезбедени 50 милиони денари за дополнителната субвенција од 5 денари за килограм произведена и предадена оризова арпа кај регистрирани откупувачи до 25 декември 2018. Тоа е само еден дел од мерките кои оваа Влада ги применува како врвна грижа за земјоделците и за граѓаните што живеат од оваа дејност. Во 2019 година висината на субвенцијата по хектар за обработлива земјоделска површина со сертифициран семенски материјал, изнесува 25.000 денари, за разлика од лани кога таа изнесуваше 12.000 денари. Тоа е зголемување на повеќе од 100 проценти“, додаде Заев.

Како спој на традицијата и современиот уметнички израз и приказ на патот на оризот од нива до трпеза, оваа манифестација ја чува традицијата во оризопроизводството. Духовното и материјалното културно наследство се пренесува преку песната, орото, народните обичаи, традиционалната кујна, изложувањето на старовремски предмети и алатки за обработка на ориз.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago