Categories: Македонија

Селекцијата на кандидатите за прием во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) извршена согласност законска регулатива

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски информираше за работата на комисијата за селекцијата на вработените во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), кои аплицираа на јавниот повик за прием во Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

„Во текот на денешниот ден, имав средба и реферирав пред надлежната Собраниска комисија за контрола и надзор на безбедносните служби и ги информирав за завршениот тест на селекција на вработени од поранешната Управаза безбедност и контраразузнавање кои беа преземени во Агенцијата за национална безбедност.

Во поглед на одредени прашања кои се појавија во јавноста, директорот Димовски рече дека не е загрижен и според него се работи за потврда дека она што се работело е добро сработено и како што подвлече ова е потврда декасме на вистинскиот пат, дека е направен напор за суштински, а не само формални промени.

„Сакам да кажам дека времето на поединци и групи, кога одлучуваа што ќе се одлучува и како ќе се одвиваат одредени процеси во државата е поминато. Работевме во согласност со постојната законска регулатива, работевме врз основа на однапред утврден и едногласно утврден Деловник за работа и сите одлуки беа донесени едногласно освен една која што беше донесена со мнозинство“ додаде Димовски.

Тој информираше и го објасни процесот на селекција на кандидатите, нагласувајќи дека се работи за важен процес поврзан со европската и евроатлантската иднина на нашата земја.

„Секоја селекција е донесена со едногласна одлука и зад сите одлуки стојат записници“, истакна директорот Димовски.

Димовски додаде дека работата е мониторирана од национални и меѓународни тела и тој мониторинг не остава простор за грешки, а процесот на „ветинг“ продолжува,истовремено изразувајќи убеденост дека целата постапка ќе ги даде најдобрите резултати.

Директорот на АНБ на новинарско прашање одговори дека меѓу кандидатите немало лица против кои што се преземени мерки и против кои што се води постапка во надлежните обвинителски органи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago