Categories: Струмица

Целосно ќе биде реставриран и конзервиран манастирот во Вељуса, со поддршка на Стејт Департментот на САД

Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз и министерот за култура, Хусни Исмаили,  го потпишаа Договорот за користење на грантот со кој ќе се ревитализира и конзервира манастирот „Света Богородица Елеуса“ во населеното место Вељуса.

 На потпишувањето во дворот на манастирот присуствуваше и градоначалникот, Коста Јаневски. Грантот е во висина од сто илјади долари обезбеден од постојаната програма на Стејт Департментот на САД, познат како Амбасадорски фонд за културна заштита и во наредните две години со овие средства треба да се изврши реставрација и зачувување на црквата и нејзините фрески.

Според амбасадорката Брнз со реализацијата на овој проект ќе се ревитализира извонредно богатство не само за Македонија туку и за светот.

Според викарниот епископ Стобиски господин  Јаков поддршката која САД ја даваат за зачувување на културното наследство е многу значајна за манастирот кој постои од 1080 година и е единствен од тој период во државата кој е целосно сочуван.

Проектот ќе се реализира преку завод и Музеј Струмица и  е планирано да трае две години.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago