Categories: Радовиш

Европскиот ден на јазиците, одбележан од ученици од Радовиш

Учениците од секцијата на англиски,германски и турски јазик при ООУ Никола Карев од Радовиш денеска го одбележаа Европскиот ден на јазиците, со пригодна програма која се одржа во ОНБ Браќа Миладиновци. Европскиот ден на јазиците се одбележува секоја година на 26 септември, како што е прогласено од Советот на Европа од 2001 година. Негова цел е да го охрабри учењето на странски јазици во цела Европа.

Главни цели на Европскиот ден на јазиците се, да ја запознае јавноста за важноста на учењето на странски јазици, со цел да се зголеми мултикултурното разбирање, потоа да ја промовира богатата лингвистичка и културна различност на Европа и да го охрабри учењето на јазици во текот на целиот живот, во училиштето но и надвор од него.

Во Европа постојат 225 јазици, кои се само 3% од бројот на светските јазици. Најраспространет е рускиот јазик, следува германскиот, англискиот и францускиот, италијанскиот, шпанскиот и полскиот. Најпопуларен е англискиот јазик, па потоа германскиот и францускиот.

ОО на СДСМ од Радовиш денеска одржа прес конференција на која беше спомнато дека се решава проблемот околу водоснабдувањето со изградбата на новиот водовод и резервоар, како што и било ветено на граѓаните.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago