Categories: Македонија

Над двеста деца ќе бидат згрижени во новата модерна, енергетски ефикасна детска градинка во Штип

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски заедно со градоначалникот на Штип, Благој Бочварски денеска направи увид во градежните работи на новата современа детска градинка која што е во финална фаза на изградба. Проектот се реализира со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и со средства од општина Штип.

            Проектот е во вредност од 52 милиони денари, а  Министерството за локална самоуправа финансиски го помогна со 16 милиони денари од Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година. Најголемиот обем на средства го обезбедува општина Штип, од сопствениот буџет.

-После неколку децении ова е првата нова детска градинка што се гради во центарот на Источниот плански регион, во Штип. Градиме инфраструктура со план, она што им е потребно на граѓаните. Во 2019 година ги дуплиравме средствата за проекти.Од Програмата за рамномерен регионален развој во Источниот плански регион годинава се финансираат 14 нови проекти за развој на регионот, на селата и на специфичните подрачја,  во вкупна вредност од  49 милиони денари, изјави министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, кој истакна дека со Законот за рамномерен регионален развој на чии што измени се работи, се планира да се обезбеди  зголемен обем на средства за финансирање на проекти во планските региони и во општините.

-Штип треба да биде пример како сите општини треба да го планираат својот урбан развој. Неопходно е да се модернизира јавната инфраструктура и надвор од Скопје, во другите делови на државата. Современи училишта, современи градинки, не смее да бидат привилегија само за централните скопски општини. Сите граѓани ќе добијат воедначени јавни услуги, а за само неколку месеци во Штип над двесте деца ќе бидат згрижени во современ објект од 1 600 квадратни метри изграден по највисоки стандарди, рече министерот Милевски.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago