Categories: Радовиш

Активно лето за алпинистите од АК Плоча од Радовиш

Алпинистички клуб Плоча од Радовиш во период од месец Јуни до месец Август со зголемен број на активности на локално, државно и на меѓународно ниво.

 -Алпинистички клуб Плоча од Радовиш во период од месец Јуни до месец Август имаше зголемен број на активности на локално, државно и на меѓународно ниво. Беа реализирани повеќе искачувања на повеќе локалитети во различни услови со различни техники на искачување вели претседателот на АК плоча од Радовиш Зоран Мајсторски. -Месец Јуни беше посветен на подготовки на локално ниво, на Попова Шапка, Демир Капија, Матка и други локалитети и сектори додава Мајсторски.

Според него, месец Јули бил посветен на искачувања на државен план како и на меѓународен план со што во државата биле посетени карпите на Солунска Глава, Матка и Демир Капија.

– Додека меѓународни искачувања беа реализирани на : Карпите на Ираклица во Грција, иксачување на врвот Вихрен на Пирин планина кој е трет по надморска височина на балканот искачувањењто се изврши по познатиот технички гребен Џамџиев раб. Искачување на највисокиот врв на Словенија врвот Триглав, кое беше под наше раководство група тетовски планинари од 25 луѓе се искачија на врвот вели Мајсторски.

 Истата експедиција продолжила на врвот Грос Глокнер во Австрија, кој е висок 3798 метри надморска височина и е највисок врв во Австрија и на него се искачила група од 20 учесника.

Меѓутоа подготовките на АК Плоча продолжила  на локално и на државно ниво, за реализација на главна цел, а тоа е Радовишка експедиција на карпите на Доломити во Италија, како и врвот Гранд Парадизо, висок 4067 метри надморска височина, во Италија.

На Доломитите заминале група од 8 луѓе, каде реализирале повеќе искачувања на карпите во зависност од временските услови, бидејки периодот како што велат од Плоча бил  со изразени врнежи. Искачувањата биле на карпи од 20 до 500 метри вертикала со различна тежина според меѓународната алпинистичка скала.

Покасно алпинистите  заминале кон врвот Гранд Парадизо, на централните Алпи кој е висок 4067 метри надморска височина, каде група од 4 члена се искачила на врвот.

-Искачувањето од планинарскиот дом кој е на надморска височина од 2700 метри до врвот го оствариле за неполни 4 часа, што претставува брзо искачување на оваа планина, бидејки се наоѓа над зоната на комфортот и надморската висина влијае и го отежннува дишењето а ја намалува брзината на темпото додава Мајсторски.

Акцијата  Алпи 2019 беше под покровителство на Општина Радовиш дел од проектот 1000 години Радовиш како и спонзорство од рудникот за бакар Бучим Радовиш, и други спонзори.

Алпинистички клуб Плоча во престојниот временски период е во интензивна подготовка за изработка на  Водич за локалитетот Плоча, како и организација на државниот собир Плоча 2019 во чест на 6- ти Ноември, денот на ослободувањето на Радовиш.

-Плоча во програмата има зацртано повеќе искачувања, претежно на државен план но и на меѓународен план вели Мајсторски.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago