Министерот за земјоделство, шумарство и
водостопанство, Трајан Димковски, денеска одржа работен состанок со Ловечката
федерација. На состанокот на којшто присуствуваа членови на федерација од
ловечките друштва во земјава, беа презентирани мерките коишто се однесуваат на
превентивно делување и спречување на пренесувањето на болеста Африканска
свинска чума на територијата на Република Северна Македонија.
Министерот
Димковски потенцираше дека улогата на Ловечката федерација во спречување на
појава на болеста Африканска свинска чума е голема, а Министерството за
земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде во постојна комуникација со
федерацијата со цел ефикасно да се спроведуваат превентивните мерки.
Претставниците
од Ловечката федерација, посочија дека
ќе бидат ставени сите ресурси на федерацијата и членство, со цел превенција од
појава на болеста на територијата на Репбулика Северна Македонија. Министерот
Димковски порача дека МЗШВ ќе ја продолжи комуникацијата со Ловечката федерација и со здруженијата на свињи, се со цел да
превенира појавата на болеста во Република Северна Македонија.
Седумнаесет здруженија
за заштита на животните бараат од Владата да го отповика и спречи најавениот
отстрел на диви свињи, како дел од мерките за превенција од болеста африканска
чума.